СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА „КУЌАТА НА СПОРТОТ“ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Денес, во Македонска Каменица со пригодна програма е пуштена во употреба „Куќата на спортот“. На отворањето на овој маркантен објект присуствуваа голем број градоначалници од општините од ИПР, претставници на Рудник „Саса“, претставници од Фудбалската федерација на Македонија, многу легендарни имиња на каменичкиот фудбал и стотици граѓани. Пред присутните се обратија, г-дин Гоце Данев – поранешен фудбалер на ФК „Саса“, г-дин Максим Прохоров – директор за развој и инвестиции во Рудник „Саса“, г-дин Филип Поповски – генерален секретар на ФФМ и градоначалникот на општина Македонска Каменица, д-р Дарко Митевски.
Со отворањето на „Куќата на спортот“, Македонска Каменица доби уште еден објект кој ќе биде модерно градско обележје и гордост на каменичани и објект кој сигурно ќе ги мотивира младите генерации во постигнување на значајни спортски успеси и враќање на сјајот на спортот, особено на фудбалот во нашата рударска општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *