САСА се враќа со минимален пораз од Кавадарци

ФК Каменица САСА не успеа на денешниот натпревар да ги освои посакуваните бодови на гостински терен против екипата на Тиквеш од Кавадарци.

Исклучително тежок натпревар, без многу шанси на двете страни. Дури во средината на второто полувреме, во 67 минута, по едно нафрлување од корнер, Методија Делов успеа да ја смести топката во голот на каменичани. По постигнувањето на водечкиот гол за домаќините, натпреварот продолжи со истото темпо, без конкретни завршетоци и на така малиот број шанси за гол. Слабата игра на двете страни и малиот број на шанси се должат и на исклучително лошиот и нерамен терен за игра и лошите временски услови.

По комплетирањето на треттото коло од Втората македонска фудбалска лига, Каменица САСА останува на седмото место со 15 бодови. Шансата за посакуваниот прикучок кон средината на табелата и „бегство“ од дното ќе се бара во текот на наредните кола од пролетниот дел на ВМФЛ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *