САСА против Вардар во Купот на Македонија

Денеска, во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за Куп-натпреварувањето кое ни донесе неколку интересни дуели. За нас, најинтересен дуел е првото коло кое ќе се игра во Македонска Каменица помеѓу Саса и Вардар

Прво коло од Купот на Македонија:

  • Охрид – Беласица
  • Фортуна – Силекс
  • Кожув – Ренова
  • Кравари – Лабуништа
  • Саса – Вардар
  • Кит-Го – Пелистер
  • Црнилиште – Брегалница
  • Локомотива – Струга
  • Велазерими – Работнички
  • Љуботен – Тиквеш
  • Превалец – Борец
  • Осогово – Победа
  • Гостивар – Шкендија
  • Тетекс – Шкупи

Слободни во првото коло ќе бидат минатогодишните финалисти Македонија ЃП и Академија Пандев.

Титулата ја бранат „пандевци“, кои во ланското финале во Скопје по изведувањето на пеналите беше поуспешна од „лавовите“.

Првите натпревари од овогодишниот Куп ќе се одиграат на 21 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *