САСА Е ДЕЛ ОД ВТОРА ЛИГА! Славјето продолжува на Градскиот плоштад во Македонска Каменица

Македонска Каменица 04. Јуни 2017

(www.kamenica.mk)

САСА е дел од Втората фудбалска лига! Славјето продолжува вечерва од 20 часот на Градскиот плоштад во Македонска Каменица. Сите заедно да ја споделиме радоста со нашите нови јунаци на градот!

Со денешната победа во бараж натпреварот против ФК Превалец, екипата на ФК Каменица-САСА стана дел од Втората фудбалска лига. Саса со конечни 4:1 го заврши натпреварот кој го следеа огромен број љубители на фудбалот од Македонска Каменица дојдени на Градскиот стадион во Кочани. Сите играчи беа на ниво на задачата и во вториот дел убоитиот напад на Саса на чело со Зоран Златковски ја изрешета анемичната одбрана на ФК Превалец

Вечерва во 20:00 часот со организиран пречек и славје на Градскиот плоштад во Македонска Каменица сите заедно да ги поздравиме фудбалерите на САСА. Да ѝ се радуваме на победата, да го прославиме враќањето на фудбалскиот сјај во нашиот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *