Саса го победи Рудар. Пласманот во Втора лига станува реалност.

ФК Каменица Саса, денес, на Градскиот стадион во Македонска Каменица, ја совлада екипата на Рудар од Пробиштип. Иако потешко од очекувањата и со минимален резултат од 1:0, сепак победата е од огромно значење за остварување на зацртаната цел-пласман во Втората македонска фудбалска лига. Со новата победа, ФК Каменица Саса го завршува есенскиот дел од сезоната на третата позиција која води во повисок ранг на натпреварување. Каменичката публика се надева дека добрите игри на локалниот фудбалски клуб ќе продолжат во наредниот период и конечно Саса ќе заигра во Втора лига.

rudnik_sasa

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *