Рударството очекува успешна 2017-та година

Подобра година за рударството – се очекувањата на надлежните од оваа индустрија, со оглед на годината зад нас, која претстави рекорден  пад на цените на металитите во последните 10 години. Од Aсоцијацијата на рударството побараа од властите да се зајакнат контролите со што би се намалило нелегалното вадење на песок од речните корита.

„Изминатава 2016 година беше прилично тешка, со многу ниски цени на металите, најниски во последната деценија, Злетово и Тораница не работеа. Но, и во вака тешки услови, рударскиот сектор ја заврши успешно. Очекуваме и 2017-та да биде исто така успешна, уште повеќе ако имаме доволно разбирање и соработка со надлежните институции, особено со министерствата за економија и за животна средина“, истакна претседателот на Асоцијацијата Николајчо Николов на прес-конференција во Стопанската комора.

Рудниците Злетово и Тораница веќе започнаа со работа, вели Николов, а во јамите се вратија сите рудари .Ќе се работи со нови машини и во подобри услови.Поради безбедносни причини  од асоцијацијата одлучија рударите да го стопираат ископот додека не поминат овие  енормно ниски температури. 

Падот на рударсрвото на годишно ниво кое бележи речиси 17%, се очекува да се промени по стартот на работењето на рудниците Тораница и Злетово. Во земјава во овој сектор се вработени околу 13 илјади лица.

преземено од: http://kanalplus.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *