Рокфелер (99) го доби своето седмо срце. Сака да живее 200 години

Милијардерот Дејвид Рокфелер (99), еден од најбогатите луѓе во светот повторно изврши трансплатација на срцето или шеста во последните 4 децении, така што сметајќи го и неговото, сега користи седмо срце.

Врвниот тим на хирурзи изврши хирушки зафат но не во болница како што е вообичаено, туку во неговата главна резиденција на семејниот имот во Покантико Хилс, во близина на Њу Јорк. Овој зафат траел 7 часа. Операцијата не го изморила многу милијардерот познат по динамичноста и лукавоста, пишува порталот “World News”.

rokfeler1

99 годишниот милијардер се согласил репортерите да му постават неколку прашања само 36 часа по операцијата. Кога бил запрашан за тајната на својот долг живот тој одговорил дека едноставниот живот е главниот рецепт.

“Секој пат кога добивам ново срце, тоа е како здивот на животот да ми поминува низ телото. Се чувствувам жив и со обновена енергија”, им изјави Рокфелер на новинарите.

Тој вели дека треба да се живее едноставен живот, да си играте со деца, да уживате во она што го имате и да го поминувате времето со добри и верни пријатели. Рокфелер и понатаму се однесува позитивно и се надева дека ќе живее 200 години како што им изјави на новинарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *