Роберт Стојанов. Новата гордост на Македонска Каменица

Нашиот млад сограѓанин, Роберт Стојанов веќе е нова надеж за македонската клубска и репрезентативна кошарка.
Тој е гордост и радост на целиот наш град Македонска Каменица.
По природа примерно и скромно момче, кое вниманието кон себе го насочува единствено кога се наоѓа под кошевите.

Го најдовме деновиве вратен дома помеѓу своите блиски, па ја искористивме приликата да поразговараме со него за неговите почетоци, сегашни успеси и неговите идни планови и желби.

Роберт, најпрвин за твоите почетоци. Кој и како ја разбуди во тебе љубовта кон кошарката?

– Јас на почеток тренирав и играв фудбал. Го сакав фудбалот, но со наговор на некои од моите врсници пробав и отидов на неколку тренинзи во школата на нашиот К.К. Баскет -Кам, каде од тренерите ми беше сугерирано да продолжам да тренирам кошарка. Мислам дека бев седммо одделение кога почнав да се занимавам со кошарка. Сосем малце требаше да ја засакам кошарката како спорт, а  К.К. Баскет – Кам како мој втор дом.

Твој идол во кошарката од најмали нозе, па до ден денес?

– Мој идол е нашиот сограѓанин Бојан Трајковски. Уште од самиот мој почеток како кошаркар јас уживам да ја гледам неговата игра и начинот на кој тој доминира под кошевите. Денес со Боки сме добри пријатели, тој е човек со големо срце што несебично ми помага на секој начин.13479624_1190315134332903_781825139_n
Излезе од школото на К.К. Баскет – Кам, за веќе денес да си член на составот од младинската репрезентација на Македонија до 18 години и на К.К. Вардар од Скопје. Како си задоволен од твоите досегашни достигнувања?
– Најпрвин сакам да ги спомнам моите први тренери со кои ги направив моите први “чекори” во кошарката и кои всушност мене ми ја дадоа и основата и љубовта кон кошарката, Горан Даниловски и Јордан Цветановски. Со нив започна се и тие покрај мене и мојот вложен труди работа во напорните тренинзи, се главни виновници што јас денес сум дел од поширокиот состав младинската репрезентација на Македонија, а и дел од мојот сегашен клуб Вардар од Скопје, каде што настапувам во младинските екипи од М-18 и М-20. Искрено, задоволен сум од својот досегашен успех, бидејќи сум дел од екипите што оваа година станаа државни лигашки шампиони во овие две младински категории.

 

Каде се гледаш во иднина? Како ја замислуваш твојата иднина во кошарката?
– Искрено, сакам да продолжам и понатаму да го носам дресот со боите на нашата државна репрезентација, а за мојата понатамошна клубска кариера би сакал да заиграм во некој силен европски клуб. За тоа е потребно уште многу труд, напорни тренинзи и макотрпна работа.

 

Спомна дека сакаш да заиграш во Европа. Кој е твој омилен европски клуб и каде би сакал да ја продолжиш кариерата?
– Нормално, како што веќе реков, а и секој друг млад спортист, така и јас би сакал да ја продолжам мојата кариера во тој правец и да заиграм во Европа. Најголема желба ми е да го облечам дресот на италијанскиот Армани – Милано.

Како си задоволен од К.К Вардар како твој сегашен клуб?
– Вардар е клуб кој што нуди многу добри условиза тренинг и напредок во кошарката, во Вардар има многу добар тренажен процес, одлична соработка со самите тренери која очигледно вродува со плод.

13479609_1190316360999447_755098578_n
– НБА екипа за која навиваш и омилен НБА играч?

– Оклахома е екипата за која навивам, а мој омилен играч е Кевин Дјурант.

Која позиција најмногу ти лежи?

 – На почеток играв на центарската позиција, пред се заради мојата висина, која што сега веќе изнесува 195 сантиметри. Но подоцна со мојот развој и со  совладувањето на техниката и кошаркарската игра сега се повеќе ги играм и ми лежат позициите 2 и 3.13479808_1190314990999584_438588595_n

На крај што би сакал да им порачаши на помладите од себе што сакаат да се занимаваат со кошарка, па и било со кој друг спорт?

– Сакам само да им пренесам дека со упорна работа,труд и пожртвуваност сите можат да ја остварат својата цел во било кој спорт почнувајќи овде, од Каменица. А особено во кошарката, бидејќи радост е за сите млади во градот што имаме клуб кој упорно работи на откривање и правилно насочување на уште многу млади таленти како мене.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *