РЕПРЕЗЕНТАТИВКАТА САЊА АДАМОВСКА Е НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ НА БАСКЕТ КАМ 2011

Веднаш по завршувањето на сезоната, вицешампионот доби големо, репрезентативно засилување

Репрезентативката Сања Адамовска е нов играч на Баскет Кам 2011

Екипата на Баскет Кам 2011 ја загуби шампионската титула. Но раководството на клубот од Македонска Каменица ќе се обиде веднаш да го возврати ударот, и веќе во наредната натпреварувачка сезона да атакува и на трофејот во националниот шампионат кој сега е во витрините на нивниот голем ривал, екипата на Бадел 1862.

Кон таа цел, направен е и првиот конкретен чекор, ангажирано е првото засилување.

Раководниот тим на Баскет Кам 2011, постигна согласност и потпиша едногодишен договор со актуелнатга репрезентативка, Сања Адамовска.

Во последните неколку сезони, 170. сантиметри високиот бек на нашата женска сениорска селекција, настапуваше за екипата на Бадел 1862. И ова е прв договор за 24.годишната кошаркарка со траење од една година.

Клубот од Македонска Каменица најавува потпис на договорот со уште едно репрезентативно име, кој се очекува да биде познат многу брзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *