Репрезентативецот Оливер Стоименовски ќе гради интернационална кариера

Еден од најдобрите фудбалери на Борец оваа сезона, дефанзивецот Оливер Стоименовски заминува од Велес и многу веројатно повторно ќе заигра на меѓународна сцена. 22-годишникот зад себе остави одлични девет месеци, во коиодигра 29 натпревари за Борец.

Дефанзивецот крај своето име запиша и еден гол и една асистенција, но со добрите игри во континуитет го привлече вниманието на јавноста.

За репрезентативецот до 21 година загреани се неколку домашни клубови, но и интернационални опции, на кои Стоименовски им дава предност. Младиот фудбалер го носеше дресот на Карабах во Азербејџан, а во ПМФЛ настапуваше за Работнички.

Борец обезбеди опстанок во претпоследното коло, откако ремизираше на теренот на директниот конкурент Силекс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *