Реконструкција и обнова на системот за парно греење во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица

Македонска Каменица, 03.05.2019 година – Општина Македонска Каменица го објави јавниот оглас кој го спроведува Општиското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ за реконструкција и обнова на системот за парно греење во училишната зграда. Ова не е прв случај за спроведување на ваков крупен проект во рамки на училиштето. Изминатата година во училиштето целосно беше заменета и надворешната столарија, како и санирање на дел од кровната конструкција на училишната зграда и поставени се фотоволтаични системи за штедење на електрична енергија на истата.
Објавената информација од општина Македонска Каменца ви ја пренесуваме во целост:

Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Македонска Каменица, во рамки на своите овластувања и надлежности за огласување и спроведување на Јавни набавки, започна отворена постапка за прибирање на најповолна понуда за целосна рекострукција и санација на системот за затоплување во училишната зграда.

Планираниот рокот утврден во Јавниот оглас до изведувачите за почеток на изведбата е 15.06.2019 година (веднаш по завршувањето на учебната година), додека краен датум за завршување на реконструкцијата и санацијата на објектот е 31.12.2019 година.

Со обновувањето и реконструкцијата на системот за парно греења значително ќе се подобрат условите за престој и работа во училиштето.

Во текот на минатата година Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица веќе изврши комплетна замена на надворешната, т.е фасадна столарија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *