Редовно се чистат одводните атмосферски канали во Македонска Каменица

Макеонска Каменица, 04.04.2019 година – ЈП Камена Река во рамки на започнатата акција “Пролетно чистење” во два наврати изврши прочистување на одводните канали, кои се дел од отворената атмосферска мрежа во градското подрачје од општина Македонска Каменица. Целосно е прочистен делот од детската градинка “Бамби” до кеј на Каменичка Река.

Од ЈП Камена Река апелираат до несовесните граѓаните да престанат каналите да ги користат за фрлање на отпад и шут, со што ќе се зголеми функционалноста на истите, а од друга страна намали опсаноста од излевање во случај на зголемен доток на атмосферска вода.

Ние како претпријатие задолжено за чистотата на јавни површини и чиста животна средина во општината во изминатиот период спроведовме повеќе екоакции. Од страна на вработените во претпријатието во соработка со општина Македонска Каменица и останатите образовни установи, по повод Денот на пролетта беше спроведено засадување на 200 садници. Екоакцијата продолжи со организирано чистење на двата излеза од Македонска Каменица. На акцијата и се приклучија неколку граѓански организции, вработени во јавниот сектор, пензионери и спортисти – изјави Влатко Андоновски, директор на ЈП Камена Река.

Акцијата ќе продолжи и во текот на наредниот период, до целосно чистење на градот и селските средини од дивите депонии, како и јавните површини во општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *