Редовно се чистат излезите од градот кон соседните општини Кочани и Делчево

Македонска Каменица, 30.01.2020 година – Во изминативе денови, ЈП Камена Река во соработка со општина Македонска Каменица спроведе акција за чистење на излезите од градот кон соседните општини Кочани и Делчево.
Во акцијата, придружувани и помогнати од крупна механизација со која располага претпријатието, учествуваа сите вработени во организацијата задолжени за јавна чистота. Беше опфатен просторот околу магистралниот патен правец А3 и тоа од Хидроцентралата Калиманци до Македонска Каменица и делот од Рибнички мост до Луковички рид.

Ова е 10-та еко акција на ЈП Камена Река, ние како претпријатие задолжено за јавната чистота и одржување на комуналната хигиена во Општината. Редовно спроведуваме вакви еко  акции со цел дополнително да ја подобриме чистотата во околината, – истакнуваат од ЈП Камена Река

Истовремено од ЈП Камена Река упатуваат апел до граѓаните за поголема лична одговорност кон околината, при што изразуваат надеж дека ваквите акции ќе допринесат за подигање на еко свеста кај граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *