Реализирани 12 милиони евра за развојот на Источниот регион

12 милиони евра се реализирани  за развојот на Источниот регион во делот на заштита на животната средина, развивање на туризмот, унапредување на општествената сфера и квалитетна инфрстатруктура.

Освен споменатите 12 милниони евра, владата изготвува и план за 10 годишна стратегија за одржлив рамномерен регионален равој

„Во мометот се работи на 10 годишната стратегија за да видиме кој се добрите а кои се лоши страни и што треба да се корегира. Интенцијата  е тие средства да се зголемуваат но ќе бараме од општините средтвата да  бидат ефикасно искористени за приоритетите на самите општини“ изјави Дејан Павлески зам. Мин за локална самоуправа

Согласно потенцијалот и природните ресурси Општините имаат проекти и бараат средства за реализирање на истите.

„Оваа конференција исто така дополнително ги зајакнува добрите практики на сите нас пристуни овде, ни овозможува да ги разменуваме знаењата во областа на рамномерниот регионален развој, а со тоа да придонесеме реализација нови проекти и идеи за нашите заедници.Како градоначалник сметам дека сеуште треба да ја зајакнуваме меѓуопштинската соработка, како и соработката со останатите региони во Македонија и надвор од неа, се со цел рамномерниот развој да биде на едно повисоко ниво и сите општини без разлика на големината, да ги осетат придобивките“ изјави Благој Бочварски градоначалник на Штип

Освен тенденцијата и креација за изработка на проекти, многу е важно да се споделат искуствата и со останатите региони од државата

„Сметам дека искуствата не мотивираат да работиме посериозно , одговорно и одредени одлуки да ги донесем посилно и поддршката е многу важна. Верувам дека нашите искуства ќе ги искористиме за побрз развој на источниот регион“ изјави Николчо Илијев градоначалник на О.Кочани

Ова беше кажано на денешната меѓународна конференција за одржлив рамномерен развој која се одржа во Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *