РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА КОН СЕЛО ЦЕРА И ДО АЛБАНСКО МААЛО ВО СЕЛО ТОДОРОВЦИ

Македонска Каменица, 15.03.2021 година – Како што беше известено на официјалниот профил на социјалните мрежи на општина Македонска Каменица, во текот на изминатите денови се распишани тендерите за реконструкција и изградба на локалниот пат до село Цера (Крапевска, Стипцарска маала) и локалниот пат во село Тодоровци, до Албанска маала.

„Двата локални правци се дел од „Проектот за поврзување на локални патишта“ кој го спроведува Министерството за транспорт и врски, во соработка со Светска банка и повеќе општини во државата. Реконструкцијата на постојниот асфалтен пат до село Цера опфаќа должина од 2409 метри, додека изградбата на новопланираниот асфалтен пат во село Тодоровци е со должина од 1500 метри“, – стои во соопштението објавено од градоначалничката Соња Стаменкова, која додава дека Најавената градежната офанзива во Македонска Каменица продолжува со реализација на веќе започнатите проекти и со отпочнување на нови во скоро сите населени места“.
Градоначалничката Соња Стаменкова најави „продолжување на посветеното работење за подобрувањето на условите за живот и подобрена мобилност на населението до сите населени места во нашата општина“.

Со финансии од Меѓунароната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, минатата година Владата донесе Одлука за алоцирање на средства во износ од 70.000.000,00 евра.
Според претхоно утврден систем на доделување на средства за општините во државата и Град Скопје, општина Македонска Каменица доби 630.000,00 евра за изградба на овие локални патишта со кои ќе бидат изградени локалните патишта кон село Цера и во село Тодоровци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *