Разорен земјотрес во централниот дел на Италија. Цели места срамнети со земја, се бројат десетици загинати

italijaСилен земјотрес рано утрово го погоди централниот дел на Италија при што најмалку шест лица се загинати, а десетици повредени. Според првичните информации некои населени места се целосно или делумно срамнети со земја. По првичниот земјотрес од 6 степени по Рихтер имало и неколку нешто послаби потреси.

Медиумите јавуваат дека голем број луѓе се уште се затрупани под урнатините. Градочаланикот на Акумолија, во чија близина бил епицентарот на земјотресот, соопшти дека во потресот загинало цело семејство- родители со две деца. Има информации и дека две лица загинале во блиското село Пескара дел Тронто.

zemjotres2

 

Италијанска Република пишува дека потресот многу силно се почувствувал и во Рим каде што некои згради се треселе и по 20 секунди.

Последниот силен потрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер се случи во 2009 година, во 120 километри оддалеченото место Лакуили кога животот го загубија повеќе од 300 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *