Прочитајте што не треба да правите на празен стомак – kamenica.mk

Има полно работи што е добро да се прават со празен желудник. На пример, многу подобро се спие со празен стомак. Одењето на спиење со полн стомак го поттикнува телото да ги складира вишокот калории како маснотии, бидејќи при спиењето се троши малку енергија. Меѓутоа има работи што треба да избегнувате да ги правите на празен стомак, а еве и неколку од нив:

Да пиете кафе/чај

enauka.mk

Кафето на празен желудник насабајле ја зголемува киселоста, што може да предизвика жиговина и лошо варење во текот на денот.Пиењето чај на празен стомак може да ја потисне секрецијата на желудечните сокови и жолчката и да ја намали киселоста во желудникот. Исто така, може да го намали и апетитот.

Да земате лекови

Иако има лекови кои треба да се земаат на празен желудник или пред јадење, повеќето лекови би требало да се земаат или заедно со храната или веднаш после оброкот. Лековите кои предизвикувааат мачнини, најдобро е да се земаат после јадење, за да се редуцира ова несакано дејство. Земањето на лекарствата после јадење исто така го  намалува ризикот од иритација на желудникот , лошо варење и појава на чир.

Да вежбате

Вежбањето со празен желудник може и да не ви помогне да ослабете како што мислите. Гликогенот, главниот извор на енергија на телото при вежбање, може да се складира речиси 12 до 16 часа пред телото да има потреба за уште. Додека телото може да детектира траги од гликоген, нема да може да ги согорува мастите, па така ќе ги согорувате мускулите, а ќе таложите масти. Телото може да се справи со лесни вежби на празен желудник, но не и со тешките.

Да пиете алкохол

Конзумирањето алкохол на празен желудникќе предизвика алкохолот веднаш да влезе во крвотокот. Алкохолот брзо се пренесува низ телото и предизвикува ширење на крвните садови. Тоа предизвикува привремено намалување на пулсот и крвниот притисок. Со зголемување на концентрацијата на алкохолот во крвта, доаѓа и до губење на контролата.

Да патувате

Патувањето со празен желудник може да предизвика т.н. болест на движење. Сепак треба да се избегнува храна која може да предизвика гасови, како што се газираните пијалоци, брокула, карфиол и сл. Најдобро е да се јаде лесна храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *