Пронајди ги своите војнички другари од ЈНА. Страна на “Facebook” која е хит во цела бивша Југославија

Дека пријателствата од војска се нешто посебно во животот на секој маж, најдобро покажува новотворената група на Фејсбук „Пронајди ги другарите од ЈНА“ во која различните генерации одслужени војници пробуваат повторно да стапат во контакт по 25 години од распадот на Југославија!

Иако позади себе одамна ги оставиле неудобните униформи, кондури, оружје и командите од надредените, многу Албанци, Македонци, Хрвати, Црногорци, Словенци, Срби и Босанци истрајни се и сакаат да ги обноват пријателствата започнати во касарните низ целата Југославија.

Групата обилува со стари фотографии, наводи во кои касарни, класи, родови служеле воен рок, имиња и презимиња од оние, иако повеќе не делат иста држава, се сеќаваат на заедничките дружења, задолжувања и обуки поради кои од светот на децата влегле во светот на мажите.

Во рамките на групата, многу успеале во мисијата да соберат приказни и новости од касарната, но и да се потсетат на една убава земја и залудноста на војната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *