Пролетно чистење и уредување на јавните зелени површини и урбана опрема во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 06.04.2021 година – Продолжуваат активностите на ЈП Камена Река за чистење на јавните зелени простори и уредувањето на урбаната опрема во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Вработените во Јавното претпријатие со чистење од сува трева ги третираа зелените површини, додека клупите за седење покрај Градскиот кеј на Каменичка Река се бојадисани и поправени од настанатите оштетувања.

Покрај овие активности, ЈП Камена Река во зависност од временските услови ќе продолжи со засадување на нови дрвореи со листопадни и зимзелени садници на повеќе локации во градот, како и хортикултурното уредување на јавниот простор со цвеќиња од споствено производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *