„Проект слобода“ за симнување на Фејсбук од престолот

„Проект слобода“ за симнување на Фејсбук од престолот

Идејата на милијардерот Френк Меккорт е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со, како што се наведува – поголема контрола врз своите лични податоци и сѐ она што се споделува на интернет

 

Милијардерот Френк Меккорт ќе инвестира 100 милиони долари во проект што би требало да го симне Фејсбук од престолот. Поранешниот со-сопственик на бејзбол-тимот Лос Анџелес доџерс го планира т.н. „Проект слобода“ (Рrојесt Lіbеrtу), којшто цели кон пазарот на социјалните мрежи.

Идејата на милијардерот е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со, како што се наведува – поголема контрола врз своите лични податоци и сѐ она што се споделува на интернет. Идејата доаѓа во време на загриженост поради моќта и преголемиот пристап, особено на Фејсбук, кој е поврзан и со Инстаграм, Ватсап и други апликации – до чувствителни податоци за своите корисници.

Френк Меккорт не е единствениот кој отворено изјавува дека стремежот е кон „децентрализирање на информациите“. Главниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, на пример, го популаризира проектот наречен „Блускај“, кој исто така се заснова на блокчејн.

– Ова е фундаментална интернет-технологија, којашто не се контролира и не може да биде под влијание од кое било физичко или правно лице – изјави Дорси.

Како би функционирала новата дигитална база на податоци за социјални мрежи?

Проектот Слобода би користел блокчејн технологија за изградба на инфраструктура наречена Протокол за децентрализирано социјално вмрежување (ДСНП). Изведувачот се обврзува да вложи 75 милиони долари во Универзитетот во Вашингтон во Вашингтон и на Универзитетот во Париз во Париз заради проучување на технологијата. Останатите 25 милиони ќе бидат искористени за создавање ДСНП-услуги.

Извор на веста: плусинфо

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *