Продолжуваат засилените полициски контроли во Делчево и Берово. Санкционирани 112 возачи

Засилени контроли во Делчево и Берово: 112 санкционирани возачи
Министерството за внатрешни работи вчера (24.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово. Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *