Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога од Делчево

Претрес во Скопје, приведен дилер на дрога од Делчево

Денеска (30.05.2022) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена теговија со дрога и оружје при СВР Скопје лишен е од слобода Д.Д.(32) од Делчево. При претрес извршен со наредба од Судија на претходна постапка во дом во Скопје каде што лицето престојува, пронајдени се 45 пакувања марихуана и една вага.

Лицето е приведено во Полициска станица Центар, а по документирање на случајот од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *