Преку веб страница граѓаните ќе може да проверат дали им следува домашна платежна картичка

Граѓаните нема да аплицираат за домашната платежна картичка, туку преку веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач, соопштија од Владата. Оттаму информираат дека страната ќе биде достапна наскоро.

Листата на граѓани корисници ја изготвуваат Управата за јавни приходи, Министерството за образование и наука и Фондот за здравствено осигурување.

Корисници на домашни картички се граѓани со низок доход, вработени со низок доход, млади лица и здравствени работници ангажирани во справувањето со Ковид-19.

Домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои ги најави Владата со цел справување со корона кризата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *