Прекин во снабдувањето со вода поради дефект на главната водоводна мрежа

Македонска Каменица – Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица до 13:30 часот ќе останат без вода за пиење.

Од ЈП „Камена Река“ изјавуваат дека поради специфичноста на дефектот и непристапниот терен, поправката на истиот се врши од раните утрински часови. Од претпријатието апелираат до граѓаните за рационално користење на резервните количини на вода.

Дежурни екипи на Јавното претпријатие работат на отстранување на дефектот од раните утрински часови, со почеток од 06:00 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *