Прекината акцијата за перење и чистење на градските улици. Екипите на ЈП Камена Река ангажирани во гаснење на пожар

Започнатата акција „Да градиме поубава и поздрава животна средина“, која ЈП Камена Река ја започна на 14. Август е времено прекината поради пожар во Врвачко маало, село Луковица. Од претпријатието ги известуваат граѓаните дека за продолжението на акцијата дополнително ќе ги известат граѓаните. Пред почетокот на акцијата за успешно спроведување на истата од страна на ЈП Камена Река граѓаните беа известени дека е потребно да ги отстранат моторните возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *