Пред 10 дена доби отказ од фабрика за автомобили, а од денес е нов фудбалер на Арсенал!

Интересна е животната приказна на младиот 20-годишен англиски фудбалер, Коен Брамал, кој од седмата по ранг англиска лига стигна до тимот на Арсенал. За приказната да биде уште поубава, левиот бек на Хеднесфорд пред само 10 дена доби отказ во фабриката за автомобили каде што работел.

„Работев во Кру, за Бентли Моторс. Така, секој ден од 06 до 17.00 часот ја заработував мојата дневница, а фудбал тренирав трипати неделно и само во сабота играв натпревари. Пред крајот на 2016 година ми беше кажано дека сум вишок и дека работа за мене во оваа фабрика повеќе нема. Навистина бев многу разочаран. Но, нешто спротивно ми се случи кога пред некој ден добив повик од Арсенал. Искрено не ми се веруваше дека е можно така голем клуб да биде заинтересиран за мене. Ете мојот сон се оствари и во иднина можеби ќе играм покрај Озил, Санчез и останатите“, изјави Брамал. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *