Предупредување до сите што деновиве имаат потреба од посета на градот Кочани: Пазете сè од кучињата скитници!

Голем број на граѓани во последно време ги зачестија своите жалби за нивната несигурност кога се на отворено. Имено кучињата скитници кои ги има во се поголем број почнаа да напаѓаат на сите страни.

Ако за Кочани изминатите години бренд беше оризот сега тој примат им припаѓа на кучињата скитници.

Деновиве повеќемина минувачи и посетители на градот се пожалија за напад од група на кучиња, а во саботата една млада кочанчанка била нападната во самиот Трговски Центар, поточно кај т.н. кула во ГТЦ.

  • Среќа што во непосредна близина се наоѓа една од обложувалниците па нејзините посетители успеале да ги оттргнат кучињата од девојчето.

Овој пат повторно благодарение на присебноста на сограѓаните беше избегнат поголем инцидент со кучињата скитници, но кој ќе интервенира на перифериите во градот каде од ден на ден расте бројот на кучињата скитници.

Неодамна во Кочани беше организиран марш против т.н. монструм за кучињата што љубителите на животните му дадоа голем публицитет, па сега ред е истите тие членови на здруженијата за заштита на животните да организираат уште еден таков марш и да побараат од градските структури да се преземат мерки за да се заштитат и кучињата скитници а и жителите на Кочани.

Нема воопшти да не чуди доколку за време на Новогодишните и Божикните празници кога фреквенцијата на луѓе ќе биде поголема да се случи и некој несакан инцидент, односно да биде некој минувач мета и цел на веќе збеснатите кучиња скитници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *