Истокот од државата секојпат беше на последно скалило, без разлика на тоа кој бил на власт. Изгледа дека сето тоа е веќе минато – барем така може да се забележи според активностите во последниот период.
Во последните 2-3 години на истокот се работи „турбо“. Како никогаш до сега. Тоа може да се заклучи и според направеното, но и она што е започнато и треба наскоро да се реализира.
Една нова и одлична инвестиција е експресниот пат Штип-Кочани кој значајно ќе го освежи истокот, а дополнително се очекува тоа да привлече и идни инвестиции односно финансиски бум на истокот.
Фотографиите ги сподели градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски на својот Фејсбук профил.