Православните верници го слават Рождеството Христово – Божиќ

 Православните верници низ светот кои се водат по јулијанскиот калeндар денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождеството Христово – Божик. Во соседна Србија најрадосниот христијански празник започна со свечени полноќни литургии во сите цркви, а главната церемонија се одржа во храмот на Свети Сава во Белград каде во приуство на претседателот Томислав Николиќ, служеше поглаварот на Српската православна црква патријархот Иринеј. Српските верници го прославуваат Божик и во Република Српска во Босна и Херцеговина како и во српските општини на Косово а за првпат после 18 години божикна литургија се служеше и во храмот на Христос спасителот во Приштина.

И во најголемата православна земја Русија како и во сите руски цркви низ светот а ги има над 30 илјади во 70 држави, се прославува раѓањето на божјиот син. Во катедралата на Христос спасителот во Москва пред илјадници верници и во присуство на рускиот премиер Дмитриј Медведев литургијата ја држеше патријрахот Московски и на цела Русија Кирил.
– Христијаните треба да бидат потолерантни и да простуваат, да го напуштат виртуелниот свет и да му се вратат на вистинскиот, помагајќи им на оние на кои помошта им е потребна – рече рускиот патријарх Кирил.
Патријархот зборуваше и за тероризмот како феномен кој станал оружје за политички цели, поради што е многу важно она што го прави Русија за да се спротистави на тој тренд. Инаку рускиот претседател Владимир Путин божикната литургија ја следеше во црква во Новогород северно од Москва, каде ја истакна големата и единствена улога на руската правослвна црква за очувување на моралните вредности и богатото историско и културно наследство.
Божик по јулијанскиот календар се прославува и на Света Гора како и од старокалендарците во Грција, потоа во Грузија и делумно во Украина. Православните верници се собраа на прослава и во библискиот град Витлеем на Западниот брег за да го одбележат раѓањето на спасителот. Божик беше прославен и од православните верници – Копти во Египет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *