По тешката несреќа, сообраќајот на патниот правец Кочани – Штип се одвива назименично по една коловозна лента

По денешната тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Кочани – Штип, сообраќајот се одвива по една коловозна лента и тоа наизменично за возилата од двата патни правци.
Станува збор за тешка сообраќајна несреќа во која потешко се повредени 4 лица. При извлекувањето на повредените лица од автомобилите била побарана помош и од штипската ТППЕ. Сообраќајката се случила кај село Крупиште, на самата раскрсница за исклучување кон Пробиштип. Се очекува скоро нормализирање на сообраќајот и во двата правци. Повредените се пренесени во Клинички центар – Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *