Почина Симеон Иванов – Канго

Кочани, 26 Март 2018 (каменица.мк) – По тешко боледување на 67-годишна возраст денес во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов – Канго.

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *