Поранешниот модел Биљана Стоиловска во одбрана на Орце Камчев: Не ми го задевајте Орце!

Таа вели дека Орце најчесто бил на мета на јавни напади поради тоа што луѓето му завидувале на менаџерските способности, и верува дека речиси секој човек во земјава би сакал да биде на негово место.

thumbnail_biljana-s1

,,Можам од се срце да им порачам на сите кои што имаат нешто против Камчев – не ми го задевајте Орце! Јас со него се знам веќе 19 години, се познавам и со неговата сопруга. Гледам дека во јавноста во изминатиот период постојано е на мета на напади, но од моја, женска гледна точка ќе ви кажам дека тоа е првично од завист. Тој е неверојатно успешен бизнисмен, а кај нас успешните секогаш се критикуваат. Сигурна сум дека кога не би бил оженет, дефинитивно дека цела армија од моми би сакале да станат негови сопруги. Нема што да кријам, еве и јас лично за сопруг посакувам личност токму како него! Како што реков, пред 19 години го запознав, еден ден ме повика наш заеднички пријател бидејќи требаше да правиме фотосесија за „Орка“, поточно за патики, па требаше да разговараме за деталите. Јас бев воодушевена од неговиот изглед, иако Орце тогаш беше многу млад, сепак неговиот стил уште тогаш беше уникатен, беше облечен во кафеав костим со пура во рака… Со оглед на тоа што тој тогаш беше во брак, јас воздивнав длабоко во себе и си реков ,,Оф Боже, колку е интелегентен и посебен овој човек! Ако еден ден се омажам, би сакала сопруг токму како него!“ – вели триесет и петгодишната скопјанка.Таа додава дека со својата изјава не сака да му направи проблеми на Камчев, ниту во бракот, ниту во бизнисот, туку напротив, да му даде јавна поддршка, затоа што го сметала како најдобар, не само поради тоа што е најбогатиот во Македонија, туку бидејќи го сметала и за најспособен и најхаризматичен бизнисмен на нашето поднебје.

img_20161009_203343

,,Од својата петнаесетта година се занимавав со манекенство, го пропатував цел свет, сретнав многу луѓе од сите профили, имам добар и истенчен вкус и знам да препознаам способен и успешен маж. Македонките би биле среќни кога би ги имало што повеќе такви како Камчев кај нас, а мажите сакаат да го имитираат, но не успеваат, бидејќи тој е роден со стил“ – вели Билјана.

thumbnail_ortse-kamchev2Орце Камчев беше прогласен за најбогат Македонец според реномираниот магазин ,,Форбс“. Во статија објавена во хрватското издание на ,,Форбс“, се вели дека Камчев е најспособниот македонски бизнисмен кој што успеа да го симне Минчо Јорданов од првото место.

„Македонскиот бизнисмен Јордан Камчев, сопственик на компанијата „Орка Холдинг“ го освојува светот на бизнисот во Македонија во краток временски период. Со неколку ризични инвестиции, но донесени во вистински момент во здравствениот сектор и во земјоделството, стекнување на повеќе помали компании, добри односи со вистинските луѓе во претприемништвото и политиката и долгорочни визии и стратешко планирање, го обезбеди првото место на листата на најбогати Македонци “, објави ,,Форбс“.

Според списанието, 46-годишниот Камчев е еден од најмладите на листата на најбогатите луѓе, но исто така е еден од ретките кој го зголемил капиталот минатата година. ,,Форбс“, тврди дека тој поседува акции од 22,8 милиони евра во голем број на компании.

Кон крајот на август годинава, тој беше забележан како излегува од просториите на СЈО, со што се проширија шпекулации дека бил повикан на распит, но поради тајноста на постапката, Специјалното јавно обвинителство не откри кој и зошто е, или ќе биде повикан на распит. Исто така, во мај годинава порталот Нова пишуваше дека Камчев се сомничи дека користи офшор компании за да го сокрие своето богатење преку зделки и бизниси овозможени од владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *