Поради поседување оружје уапсен маж од Македонска Каменица

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода И.Г.(30) од село Моштица, општина Македонска Каменица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи, информираа од МВР.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СкопјеИнфо/ Дневен Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *