ПОКАНА од физичарот Мартин Ристовски на промотивен настан на Школа на иднината

Во целост Ви го пренесуваме обраќањето и покана за промотивен настан преку социјалните мрежи од младиот физичар Мартин Ристовски. Еве за што станува збор:

Здраво!
Јас сум Мартин Ристовски и моментално студирам физика и компјутерски науки на Columbia University во Њујорк, САД. Стигнав каде што сум бидејќи бев опкружен со други амбициозни млади луѓе, и сметам дека Школото на Иднината е најдобриот начин да возвратам на оваа заедница и да придонесам до нејзиниот развој. Нашето искуство, и со натпреварите и со образовната структура на најдобрите универзитети во светот, нѐ прави уникатно квалификувани да го кренеме нивото на натпреварувачката физика во Македонија и би сакале вие да бидете дел од тоа.

За крај, сакам да ве поканам на нашиот промотивен настан по повод 4 години Школо на Иднината!
Линк за пријавување: https://forms.gle/fGDXbDfS9CWSRKpR8
Евент: https://fb.me/e/5wLOMuQPL

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3415765328468954&id=100001065623330

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *