Познати победниците на младинското и сениорското шаховско првенство на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26. Ноември 2022 година – Шаховскиот клуб “Каменица Саса” ги објави победниците на младинското и сениорското градско првенство на Македонска Каменица за 2022 година.

 

Кај сениорите во машка конкуренција победник е Меџит Куртовиќ. Додека кај сениорките, најуспешна на градското шаховско првенство беше Валентина Васевска.

Првенството во сениорска конкуренција, доби продолжение преку одржувањето на младинското шаховско градско првенство. Тука од пријавени 12 млади шахисти, најуспешен во младинска конкуренција беше Иван Атанасовски. Победник кај пионерите беше Матеј Атанасовски.

Судија на градското шаховско првенство во Македонска Каменица беше Лазо Стаменковски, претседател на Шаховскиот клуб “Каменица Саса” и долгогодишен победник и учесник на повеќе локални, регионални и државни првенства.

Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите за учесниците на првенството ќе биде во втората половина на месец декември.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *