ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН, НО СЕУШТЕ ГОРИ ВО СЕЛО МОШТИЦА


Пожарот што од денес попладне е активен во атарот на село Моштица, продолжува да гори и во ноќните часови. Причините за предизвикување на пожарот и понатаму се непознати, но истите се истражуваат од страна на одговорни и истражни органи. Екипите на ТППЕ Македонска Каменица, помогнати од единици на ТППЕ Делчево и Кочани, членови на Ловното друштво од М.Каменица – САСА, вработени во ЈП Камена Река и голем дел од месното население успеаа да го локализираат пожарот, но на моменти засилениот ветар и на места непристапниот терен се пречка истиот да се стави под целосна контрола.

И покрај надчовечките напори на екипите на терен пожарот сепак успеаа да зафати над десетина хектари борова и ниска дабова шума. ТППЕ остануваат на терен се до локализирање и ставање под целосна контрола на пожарот. Јавуваат дека состојбата е стабилна и пасноста кон блиските маала до пожарот во атарот на селото е целосно одстранета.
kamenica.mk е во постојан контакт со екипите на терен и ќе ве известува за сите промени и текот на акцијата се до целосно гасење на предизвиканиот пожар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *