Погледнете го видеото кое украинската одбојкарка Јулија Герасимова ја направи убер популарна

Јулија Герасимова, 32-годишна одбојкарка преку ноќ стана многу популарна.

Украинската играчка на Прометеј се прослави по гестот кој го направи на натпреварот од Лигата на шампионите против германски Дрезднер.

Одбојкарката беше фатена во полн ек од ТВ камерите додека изведуваше танцови движења со амбиентална музика во позадина, со што воспостави комуникација со некој, веројатно, од противничкиот табор.

Гестовите на симпатичната Герасимoва предизвикаа добро расположение кај присутните на настанот, но видеото стана вирално и на социјалните мрежи. Објавено на Тик-Ток, видеото собра многу прегледи за релативно кратко време.

„Само се обидувам да се навикнам на она што се случува. Зачудена сум од сета љубов и благодарност што ја добив во последните денови. Мојата работа, како спортист, е да пренесувам емоции и енергија. Мило ми е што успеав во тоа“, изјави таа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *