Повторно започна со работа канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во Македонска Каменица

Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица

Повторно започна со работа Подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето во општина Македонска Каменица. Истата, ќе работи секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

Основна дејност на канцеларијата е прием на апликации од тековните програми, како и консултантски услуги од областа на земјоделието во врска со развојните програми и тековни проекти.

Отворањето на канцеларијата на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделитето се наоѓа на вториот кат од општинската административна зграда. Во канцеларијата е вработено стручно лице, дипл. иженер – агроном, се со цел доближување на земјоделците до новините и тековните развојни процеси што разните владини и странски фондови ги нудат за развој на земјоделието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *