Победа и пораз за младинските категории на ФК Каменица САСА

Македонска Каменица, 04.04.2021 година – Младинските категории на ФК Каменица Саса викендов ги одиграа натпреварите од 11-тото коло од соодветните лиги во кои настапуваат. Помладите пионери, предводени од тренерот Дени Михаилов со 1:2 славеа на гости против екипата на Кит-Го. Со оваа победа се израмнија на првото место со екипата ФК Куманово-Милано со 27 бодови и натпревар повеќе. Стрелци на головите за ФК Каменица Саса беа Ристе Лазаров и Климент Трајков.

Пионерите пак на Баже Николовски се поразени од соодветната екипа на Кит-Го со 2:0 и во овој момент се наоѓаат на 5-тото место на табелата.

Наредното коло пионерите и помладите пионери го играат на домашен терен со екипата на Партизан Фудбал Кидс од Скопје.

(Текстот во целост е преземен од официјалната страна на ФК Каменица Саса)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *