Екипата на ФК “Каменица Саса” ја победи фаворизираната “Плачковица”. Конечниот резултат на денешниот натпревар беше 1:0, по прекрасно изведениот слободен удар на Стевче Христов.
Со оваа победа на Саса се актуелизира прашањето за пласман во Втора македонска лига, а за остварување на амбициите потребно е продолжување на добрите игри.