Платите на текстилците и кожарците на истокот од државата сеуште бедни. Земаат плата скоро на пола од просечната

Кожарците и текстилците и понатаму на просјачки стап. Платите им се на половина од просечните.

На крајот од месецот, овие работници дома си одат со одвај 11.800, односно 13.000 денари, што е за двапати помалку од статистички пресметаната плата во Државата, која изнесува  22.300 денари:

  • Платите се катастрофа, не ми се ни зборе за нив. Работеш цел месец, а дома однесеш плата за пет дена, вели вработена во кожарска фабрика.

Платата е за двапати помала од просечната, но дури за три пати  пониска од просечната потрошувачка кошница, која за потребите на семејство од четири члена е пресметана на 32.000 денари:

  • Какви 32.000 денари, ние тие пари не ги земеме за работа за три месеци, рече вработена во кожарска фабрика.

Зошто во овие сектори, платите се толку ниски, економско образложение има:

  • Таа е ниско акумултаивна гранка која вработува работна сила и има повеќе социјални аспекти на работењето, отколку чисто економски, објасни Глигор Ивановски, економист.

Но ова, малку им значи на работниците , кои за својот труд сакаат повеќе пари. Имали шанси нив и да ги добијат:

  • Таа плата мора да биде адекватна со продуктивноста. Доколку се зголеми продуктивноста, ќе се зголемат и платите, рече Ангел Димитровски, прет. на Организација на работодавачи на РМ.

Инаку, во кожарскиот и текстилниот сектор,  во Македонија работат околу 60.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата, кои лани реализирале 16,6 отсто од вкупниот македонски извоз.  На ниво на регион , нивниот број е околу 12.000.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *