Петмина повредени по излетување на возило кај Берово

На 17.03.2019 околу 04.30 часот на место викано „Трската“ во Берово, патничко возило „Сеат леон“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(27) од село Умлена, пехчевско, изгубило контрола и излетало од патот.

Притоа со повреди се здобиле возачот и четворицата сопатници М.Т.(27), М.Т.(27), М.П.(32), тројцата од село Смојмирово и П.П.(23) од Пехчево. Сите биле пренесени во Здравствен дом Берово каде им била укажана лекарска помош, по што П.П. и М.Т. биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Берово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *