Патничко возило удри во крдо диви свињи на автопатот Скопје – Штип, четири лица повредени

Рано утрово во 03.00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило “сеат леон” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од с.Батинци-скопско удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило “ауди А6” со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од с.Средно Коњари-скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото “сеат леон” А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од с.Батинци, а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”-Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *