„Парижанка во Македонска Каменица“ – Ликовна изложба во Домот на култура

Македонска Каменица, 06.02.2019 година – КИЦ “Романса” од Македонска Каменица продолжува со културните активности во 2019 година.

Како што информираше директорот Горан Огнановски на 07 февруари- четврток, со почеток од 12:00 часот пред каменичката публика со 30-тина свои дела во рамки на изложбата „Парижанка во Македонска Каменица“ ќе се претстави уметникот Лена Ѓуриќ.

Богатата колекција од ликовни дела од авторката Лена Ѓуриќ досега се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Делчево, Пехчево и Скопје, а утре за прв пат ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста од Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *