Палењето стрништа ја зема првата жртва во кочанско

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека над село Оризари, кочанско, на место викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар.

Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *