Падна најголемата седумка на лото: 500.000 евра во Кавадарци!

Падна најголемата седумка на лото: 500.000 евра во Кавадарци!

Падна првата седумка од играта Лото 7: 500.000 евра во Кавадарци

Извлекувањето беше синоќа на Канал 5, а среќните броеви беа 9, 11, 13, 21, 23, 25 и 32.

Тие донесоа добивка во Кавадарци од скоро пола милион евра, што е досега најголема лото премиja во историјата на Државна лотарија.

-Во очекување да го запознаеме среќниот добитник, со надеж за негова скора посета на нашите простории, ви пренесуваме податоци од системот, според кои среќниот добитник уплатил пет комбинации лото 7, од кои добитна е третата.

Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, ја извршил на 6ти мај, во понеделник, во продажно место во близина на старата автобуска станица во Кавадарци. – соопштија од државната лотарија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *