Отстранет дефектот на главната водоводна линија. Водоснабдувањето во Суво Маало се нормализира

Екипите за комунални работи на ЈП Камена Река го отстранија дефектот на главната водоводна линија и водоснабдувањето во приградската населба Суво Маало е нормализирано.

Од Јавното претпријатие упатуваат благодарност за разбирањето на граѓаните за настанатиот прекин во водоснабдувањето и апелираат навремено да бидат пријавувани проблемите и дефектите, со цел нивно навремено решавање.

“Примарна задача на екипите за комунални работи на ЈП Камена Река останува исправноста на градскиот водоводен и канализационен систем. Брзата реакција во вакви случаеви, е основен предуслов во заштедата на водните ресурси и обезбесувањето на доволно количество на чиста и здрава вода за пиење” – велат од ЈП Камена Река

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *