ОТСТРАНЕТЕ ГИ ВОЗИЛАТА ОД УЛИЦИТЕ ВО 19 ЧАСОТ ЗАПОЧНУВА ВОНРЕДНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Македонска Каменица, 19.03.2020 година – Одлуката донесена од Локалниот совет за превенција и од Регионалниот кризен штаб, а во насока на почитување на Препораките од Владата за превенција и ширењето на коронавирусот, ЈП Камена Река ги известува граѓаните дека денес во 19 часот ќе започне со дезинфекција на сите градски улици во Македонска Каменица.

ЈП Камена Река апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила од улиците и јавните површини во градот, со што ќе се овозможи подобра чистота и сите заедничли ќе допринесеме за спречување во ширењето и зголемена заштита од вирусот Ковид – 19.

Во моментов се врши дополнителна дезинфекција на јавните површини, урбаната опрема, како и забавните паркови и повеќенаменски игралишта во градот. Активностите на претпријатието продолжуваат со дезинфекција на влезовите во станбените живеалишта, како и со сите активности кои ги наложуваат новите мерки и одредби кои ги носи Владата и Министерството за здравство преку Комисијата за заштита и спречување на заразни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *