Откако го призна македонскиот јазик, Грција почна да објавува преводи на македонски автори

Откако Грција го призна го призна македонскиот јазик како наш официјален јазик со Договорот од Преспа, во грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ (“Χάρτης”, Νο.18, Ιούνιος 2020) е објавен портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески со преводи на седум негови песни.

Иако песните се преведени од англиски јазик, уредникот забележува дека е парадоксално среќавањето со јазикот и културата на ближниот, преку трет јазик и изразува надеж дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе го преведат Конески директно од оригиналот.

„Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία“, истакна Томислав Османли во својот статус на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *