Отец Пимен: Нема да се случи Христос да не воскресне оваа година поради тоа што народот не може да дојде

Митрополитот на Европската епархија на МПЦ – ОА, Отец Пимен во разговор со ТВ 24 поради мерките воведени поради ситуацијата со коронавирусот и реакциите на јавноста за забрана за посета на црквите изјави дека нема да се случи Христос да не воскресне оваа година поради тоа што народот не може да дојде

-Имам под своја надлежност 38 црковни општини дневно во 12 различни земји и искуството од секаде покажува дека никаде не е изрично забрането да се затворат црквите туку е дозволено да сеодржуваат богослужбите во присуство на народ,а црквите да бидат затворени за индивидуална молитва доколку се придржуваат на ред. Секако поминуваат полициски контроли од кои досега не сме имале забелешка, доаѓаат гледаат дека се придружуваме до мерките и функционираме. Не е ова нешто што само кај нас се случува, ги применивме оние мерки што ги има целиот свет. Дури и грчката црква која побара од властите дабидат црквите затворени, побара тие да бидат затворени за народ, а не за богослужби. Така да ние го имаме истото. Кога е полицискиот час и да сакаме да ги молиме луѓето да дојдат, не можат да дојдат затоа што ќе ги прекршат мерките од државата, вели Отец Пимен.

Затоа, посочи тој, апелиравме овој викенд до Митрополитот на МПЦ да не ги прекршува мерките, да не се дојде до самоволие и покажување сила.

– Затоа што Христос не не учи нас да го браниме ние од светските сили. Христос ќе дојде, ќе воскресне, како и секоја година, не е ова нешто ново. Колку и да сакаме да кажеме дека за првпат храмовите се без верници. Нема да се случи Христос да не воскресне оваа година поради тоа што народот не може да дојде, вели тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *